До американската влада е доставена петиција со која се бара на претседателот Барак Обама да му се суди пред Меѓународниот кривичен суд во Хаг за злосторства против граѓаните на САД и целиот свет.

Петицијата е поднесена преку сајтот на Белата куќа, а досега ја потпишале околу 4.000 луѓе. За да биде земена в предвид потребно е до 9 мај да се потпишат 100.000 луѓе.
Во текстот се наведува дека се бара осуда на воениот злосторник Барак Обама и судење во Хаг.
Иницијаторите сметаат дека Либија е униптена поради агресијата на Обама, а дека негови агенти во Сирија обучуваат, финансираат и организираат терористички групи.
Станува збор за една од бројните петиции на сајтот на Белата куќа. Администрацијата на овој начин им овозможува на граѓаните да и се обратат директно за прашања што ги интересираат.
Од сите петиции најмногу гласови, над 317.000 доби онаа со која се бара Обама да се појави во емисија на комичарот Бил Мар, а со другата се бара да се укинат санкциите на Судан.