Веднаш со Северна Македонија треба да направиме заеднички работни групи, но тие нема да бидат составени само од историчари, туку и со луѓе од бизнисот, од културата, од образованието, за да не зборуваме само за историја туку за се што може да придонесе за добробитта и за зајакнување на добрососедските односи, кажа вчера , во својата прва изјава во интервју за БНТ, Кирил Петков копретседател на коалицијата „Промената продолжува” која победи на парламентарните избори во Бугарија.
Петков, зборуваше дека односите со Северна Македонија ќе се сменат најавувајќи нов пристап.
„ Крајно време е да сфатиме дека не е нормално да летам преку Виена за да стасам во Скопје, дека не е нормално да немаме железничка линија која ќе не поврзува, дека не е нормално бугарските бизнисмени да продаваат во Австралија, а не во Македонија. Истото се однесува и за нашите македонски колеги. Треба да почнеме да зборуваме за сите работи од кои може да имаме полза како добри соседи. Треба да ги направиме тие работни групи, тие да имаат јасни цели и да се среќаваат најмалку еднаш месечно. “, кажа Петков.