Премиерот на Бугарија, Кирил Петков ја коментираше неуспешната посета на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на Србија поради одлуката на Бугарија, Северна Македонија и Црна Гора да го затворат воздушниот простор за неговиот авион.
„Бугарија ги следеше правилата на Европската унија“, рекол Петков и додал:
„Има правила, Бугарија ќе ги следи и ние оттука ќе бидеме партнер во Европската Унија, од која не може да се очекуваат вакви непријатни изненадувања“.
ЕУ кон крајот на февруари го затвори небото за сите руски авиони, а самиот Лавров е на списокот со санкции поради руската агресија врз Украина.
Во меѓувреме, рускиот министер за надворешни работи денеска пристигна во дводневна посета на Анкара.
Има две клучни теми за кои Лавров ќе разговара со турскиот колега Чавушоглу – војната во Украина и ризикот од нова војна во Сирија, пренесе АФП.