Ковачевски не е легитимен бидејќи легитимитетот се добива на избори, а тој не беше избран на избори, изјави пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Ангелинка Петкова на денешната собраниска седница.
„Како што гледаме сите на почетокот од 2023 година сме и Владата која требаше да функционира до 2024 година едвај издржа една година. Вистината е дека владиното мнозинство е тенко и Собранието не функционира па еве по втор пат расправаме за Влада без избран легитимитет. Постојано се прават реконструкции за лични интереси а бенефит од тоа граѓаните не можат да видат“, рече Петкова.
Таа посочи дека пред една година исто имаше реконструкција на Влада, па тогаш беше формирана заради остварувањето на стратешки интереси на државата и политики во интерес на граѓаните, меѓутоа нема ни „С“ од стратешки цели а нема ниту задоволни граѓани.