Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, денес, по повод кршењето на излозите на четири српски продавници во етнички мешаната населба Бошњачка Махала, во северниот дел на Косовска Митровица, соопшти дека сега е јасно со каква намера и причина косовската полиција со долги цевки била испратена во мешаните српски области на КиМ.
„Искуството нè учи дека насилството врз заедниците и народите започнува токму со напади врз нивниот имот и затоа е неопходно УНМИК и КФОР итно да застанат во одбрана на заштитата на Србите и нивниот имот на Косово и Метохија, бидејќи историјата не простува рамнодушност во вакви ситуации“, рече Петковиќ.
Петковиќ изјавил дека излозите на четири српски продавници во етнички мешаната населба Бошњачка Махала, во северниот дел на Косовска Митровица „синоќа биле скршени во подмолен напад од екстремисти, и како што рече, пред меѓународното присуство, на најгол начин се потврдени намерите и вистинската природа на режимот на Курти“.