Петмина офицери од Армијата се вклучуваат во командната структура во НАТО

од Берта Китинска
340 прегледи

Петмина офицери од Армијата се вклучуваат во командната структура во НАТО, тие ќе бидат првата репрезентација на земјава што ќе ги пополни овие офицерски места во командната на оваа структура.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска се сретна со четворица од петтемина новоизбрани офицери од Армијата на Република Северна Македонија кои во следните четири години ќе извршуваат работни задачи во командните структури на НАТО. Заедно со уште еден офицер, кој веќе е во Измир во Турција, тие ќе бидат првата репрезентација на земјава што ќе ги пополни овие офицерски места во командната структура во НАТО.

– Сојузниците знаат дека во нас добија не само сериозен, туку и одговорен и исполнителен сојузник, кој тоа што ќе најави и ќе го вети, знае да го исполни, а го има и капацитетот и знаењето за тие функции, изјави министерката Шекеринска, додавајќи дека овие офицери ќе го потврдат таквиот впечаток, а искуството што ќе го стекнат, ќе го вградуваме во нашата армија и одбрана.

Таа им посака успех и нагласи дека нема никакви дилеми дека одлично првпат ќе ја претставуваат нашата татковина во најмоќната воено-политичка Алијанса.

Шекеринска потенцира дека тие поминале низ повеќе филтри, биле проверени, интервјуирани, но сето тоа било возможно заради тоа што секој од нив работел речиси 20 години во Армијата.

 

 

 

Слични содржини