МВР соопшти дека синоќа во село Арачиново, скопско, се случила тешка сообраќајна несреќа во која биле повредени пет лица. Според полицијата, во сообраќајката учествувале патничко возило „фолксваген голф караван“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ф.(28) од с.Арачиново, скопско и „фолксваген голф 3“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ј.М.(23) од Скопје.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „голф 3“, А.М. (54) од Скопје, додека со телесни повреди се здобиле малолетна сопатничка и сопатник И.Ш. (20) од истото возило, како и двајцата возачи, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, велат од МВР.