284
Пет луѓе се ранети денеска во гранатирање на багдадското предградие Џадрија, соопшти полицијата.
Американските сили потврдија за две ракети Каќуша дека паднале врз воздухопловната база во Балад во Ирак, при што нема жртви. Во таа база се сместени американски војници.
Проектил беше попладнево испукан и врз Зелната зона во Багдад каде се наоѓа американската Амбасада. Персоналот на Амбасадата е во засолниште, јавија американски медиуми.