Петмина странци ги напуштија позициите на потпретседател во руската компанија „Роснефт“

од Vladimir Zorba
178 прегледи

Петмина странски потпретседатели на руската компанија „Роснефт“ поднесоа оставка поради санкциите на ЕУ кои им забрануваат на европските граѓани или Русите кои живеат во Унијата да работат во таа компанија, велат доброупатени извори за Ројтерс.

Петмина странски државјани, Дидие Касемиро, Ерик Лирон, Жељко Руње, Аврил Конрој и Отабек Каримов го напуштија „Роснефт“ поради последниот пакет санкции на ЕУ, кои стапија на сила на 15 мај, велат изворите.

Европскиот парламент повика и поранешниот германски канцелар Герхард Шредер да се најде на црната листа доколку не го напушти одборот на директори на руската компанија.

Слични содржини