Петмина загинати и 37 повредени во руски ракетен напад врз украинскиот град Чернихив

од Radmila Tasevska
239 прегледи

Пет лица загинаа, а 37 се повредени кога руска ракета денеска погоди централен плоштад во северниот украински град Чернихив, соопшти Министерството за внатрешни работи во Киев.

„Луѓе одеа до црквата за да присуствуваат на верски фестивал кога беше извршен нападот“, соопшти Министерството, додавајќи дека 11 од повредените се деца.

„Руска ракета погоди точно во центарот на градот, во нашиот Чернигов“, напиша претходно денеска во Телеграм украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Плоштад, политехнички универзитет, театар. Обична сабота, која Русија ја претвори во ден на болка и загуба. Има мртви, има и повредени“, истакна шефот на државата.

Тој, исто така, објави видео од урнатините околу големата станбена зграда во советски стил, со автомобили паркирани наоколу и делумно уништени, со скршени покриви и скршени прозорци.

Русија ги напаѓа украинските градови далеку од линијата на фронтот со проектили и беспилотни летала како дел од нејзината целосна инвазија која започна во февруари 2022 година.

Слични содржини