Најмалку пет лица загинаа, а седум се ранети во руско гранатирање кое погоди автобуска станица во областа Миколаев во јужна Украина, соопшти денеска регионалниот гувернер.
„Бомбардираа покрај станица за јавен превоз. Дванаесет луѓе се на земја“, напиша гувернерот Виталиј Ким на Телеграм.
Прво напишал дека има четворица загинати, а подоцна билансот се зголемил на пет мртви и седум ранети. Тој ги обвини руските сили дека го бомбардираат градот „во текот на денот кога целиот свет си ги врши своите обврски“.
Украинското претседателство одделно во својот утрински извештај извести дека осум лица загинале, а 19 се ранети во последните 24 часа во областа Доњецк во источна Украина.
Во регионот Харков на североисток, најмалку едно лице загина, а седум се ранети, наведе истиот извор.