31 година независност, 31 година труд, пожртвуваност, истрајност. Во името на идејата и борбата на сите претходни генерации за слободна и независна држава, со елан за просперитетен развој на нашата држава и на нашите граѓани, напиша министерката за одбрана, Славјанка Петровска по повод Денот на независноста.
Петровска нагласи дека безбедноста и сигурноста на нашите граѓани е најважна.
-Припадниците на армијата, полицијата и останатите безбедносни структури се гарантот. Нашите чувари на мирот, чуварите на независноста денешниот ден го поминаа со граѓаните и најмладите. Нека ни е вечен 8 Септември, Денот на независноста! За слободна и просперитетна, независна, суверена македонска држава, објави министерката за одбрана, која присуствуваше во Градскиот парк во Скопје, каде единиците на МВР ги презентираа опремата и возилата пред граѓаните, а се одржаа и вежбовни активности.