Петровска-Гир: Заедно ќе работиме на отпорноста од хибридни закани

од Nikola Popovski
180 прегледи

Северна Македонија дава свој несомнен придонес кон европската и регионалната безбедност, како и кон заедничката одбранбена и безбедносна политика на Унијата. Припадници на Армијата се дел од ЕУ – мисијата во Босна и Херцеговина, АЛТЕА, како и мисијата на Унијата во Централноафриканската Република.

Тоа го истакна министерката за одбрана, Славјанка Петровска на денешната средба со евроамбасадорот Дејвид Гир.

„Интеграција на Северна Македонија и Западниот Балкан во ЕУ е геостратешка цел и политички, безбедносен и економски интерес и за регионот и за Унијата. Ја цениме вашата поддршка и подготвени сме за почеток на преговорите“, истакна министерката Петровска.

Министерката Петровска и евроамбасадорот Гир се согласија дека ЕУ и Северна Македонија подеднакво ја согледуваат важноста на прашањата за отпорност кон хибридните закани, критичната инфраструктура и цивилната заштита и дека ќе ја продлабочат соработката во овие области.

Евроамбасадорот Гир ги поздрави плановите на Министерството за прераснување на нашиот НАТО центар, Регионалниот центар за односи со јавноста, во Центар за односи со јавноста и справување со дезинформации.

Слични содржини