Петровска: Гледаме дека на Дафина Стојаноска и на ДПМНЕ не им било до македонскиот народ, туку само до власта

од Milan1
104 прегледи

„Дафина Стојаноска ја видел некој? Затоа што пред изборите поприлично грлато врескаше дека никој не може да го тормози македонскиот народ! Ама не ѝ било до македонскиот народ, на неа и на ДПМНЕ, до власта им било“ напиша пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска во врска со апсењето на граѓани кои реставрирале црква во селото Галате, гостиварско.

Таа додаде дека властите прво лажеше оти обвинителство наредило апсење, па откако јавното обвинителство демантираше, граѓаните биле обвинети за узурпација на земјиште.

„Узурпација на земјиште на кое црквата е изградена пред повеќе од 30 години? Срамота!“ напиша Петровска.

Пратеничката исто се пожали дека власта апси чесни граѓани, христијани и верници во Бога кои со лични средства ја реставрираат црквата.

„Веројатно властите ги решија сите криминалци кои јуришаат по улиците деновиве и решија да апсат чесни граѓани, христијани, верници во Бога кои со лични средства сакаат да ја реставрираат православната црква Св. Петка во атарот на селото Галате, гостиварско“ напиша Петровска.

Слични содржини