Петровска: Престрелката во Сингелиќ е „покажување сила“ на Фантом, лик од подземјето близок до Мицкоски

од Илинка Илиоска
2,K прегледи

Славјанка Петровска на својот Фејсбук профил утрово објави фотографии од премиерот Мицкоски заедно со Борис Мутков – Фантом, кој според Петровска е лик познат во подземјето.

Таа вели дека вчерашната престрелка во Сингелиќ е всушност „испраќање порака кој е кој“ токму од Фантом.

Петровска тврди и дека братот на Фантом е дел од обезбедувањето на Мицкоски.

„Утрово ново убиство, нова пресметка. Додека Мицковски се фотографира и се смешка, пукање и мафијашки престрелки на секој чекор. Лично Мицковски стои и ги одобрува овие мафијашки престрелки, затоа и одбра вчера на големиот христијански празник Преображение, пред Божји храм да се фотографира со Борис Мутков – Фантом, познат лик на скопското подземје. Наместо да ги апсат, тие се фотографираат и смешкаат. Вчерашната престрелка во Синѓелиќ, е всушност пресметка зад која стои Фантом и праќа порака кој е кој. Доказ дека блискоста на Фантом со Мицковски не е монтирана е и фактотот што братот на Фантом е дел од обезбедувањето на Мицковски. Очигледно е дека ДПМНЕ продолжува таму каде што Груевски застана, и затоа многу пократко ќе траете“, сподели таа.

Слични содржини