Граѓаните на Гази Баба заедно со кандидатката за градоначалник Ана Петровска ќе се борат против дивата депонија Јурумлери, која е една од многуте покрај Вардар, велат од нејзиниот штаб.
„Таа се прави со знаење на општината Гази Баба, која наместо да ја исчисти, самата фрла отпад, за да не плати прописно депонирање во Дрисла. На оваа локацаија се истура и талог од септички јами на приватни куќи од оваа општина, што депонијава ја прави уште поголемо жариште на зарази, во време на пандемија“, истакнуваат од тимот на Петровска.
„Има решение и тоа е заедничка работа на Градот Скопје, општина Гази Баба и ЈП Водовод и канализација “, децидна е Ана Петровска.
„Депонијата мора да се исчисти, стави под видео-надзор и трајно да се зазелени. Куќите да се приклучат кон канализациската мрежа, а потегот покрај Вардар да се претвори во континуиран линиски парк со велосипедска улица. Скопје мора да биде зелен хуман град!“, додава таа.