Петровска: Немаме доволно инспектори во Државниот инспекторат за животна средина

322 прегледи

Недоволен е бројот на инспектори за обврските што се наметнуваат во рамки на Државниот инспекторат за животна средина, кој моментално располага со 15 инспектори, посочи директорката на Инспекторатот, Ана Петровска во рамки на своето интервју за МИА.

„Малку се инспектори за сите обврски што ги имаме, но од друга страна согласно Законот за инспекциски надзор применуваме методологија за планирање на надзорите која се базира на ризик, а тој ризик се базира на потенцијалните загадувања и претходни утврдени неправилности, односно колку тој правен субјект се однесува или не се однесува во согласност со издадената дозола. Ние ги имаме тие информации и врз основа на тие информации и ги планираме надзорите“, посочи Петровска.

Во рамки на тоа, директорката пјаснува дека на пример испуштањето на отпадни води не е во прв фокус, што не значи дега го забораваат, меѓутоа, посочува, зимскиот период кога имаме енормо загадување на воздухот сите наши инспектори се фокусирани во оние инсталации што имаат согороувачки процес на фосилни горива и таму каде знаеме дека има согорување на фосилни горива и каде што има голема шанса дека ќе се случат надминувања на вредностите над дозолените граници таму ги насочуваме нашите инспектори. Она што беше приоритет беше да ги обврземе овие загадувачи да си вршат мерења во присуство на инспектор.

Петровска воочи и на одлична соработка со Инспекторатот на Градот Скопје, каде, како што вели, во неколку наврати во координирани акции покривме повеќе индустриски зони и тоа беше еден одличен пример како во два дена всушност да покриеме кампањски 40 или 50 инсталации одеднаш.

Слични содржини