Министерката за одбрана, Славјанка Петровска е во работна посета на САД, што симболично се поклопи со одбележувањето на Меморијалниот Ден.
-Тоа е ден од огромно значење за американската Армија и војници кога се оддава почит на сите оние што ги дале своите животи во служба на нивната земја. Во таа чест во Маунт Вернон, Вирџинија, во домот на првиот американски претседател, Џорџ Вашингтон положив свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште како почит кон основачот на американската држава, истакна Петровска.
Министерката додаде дека Северна Македонија и Соединетите Американски Држави се стратешки партнери и сојузници.
-Посветени сме на интензивните и блиски контакти помеѓу двете земји, а доказ за тоа е стратешкиот дијалог кој треба ќе се одржи на 2ри јуни, тука во Вашингтон, кој претставува уште повисоко ниво на соработка, стои во објавата на Петровска.