Петровска: С. Македонија во целост го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина

од Milan1
589 прегледи

„С. Македонија во целост го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Нашите институции ги следат случувањата во и околу Украина поврзани со поставувањето на вооружените сили од страна на Руската федерација долж границата“ кажа министерката за одбрана Славјанка Петровска во дневникот на ТВ24.

Таа додаде дека земјава ги поддржува напорите на НАТО и ОБСЕ за надминување на тензичната ситуација.

„Поставувањето на вооружените сили од страна на Русија е провокативно и дестабилизирачко дејствување што ја намалува безбедноста на европскиот континент“ рече Петровска.

Министерката за одбрана додаде дека токму стабилноста на Европа треба да биде целта на сите. Таа додаде дека Владата и релевантните институции се во целосна координација со цел заштита на безбедноста на македонските граѓани.

Слични содржини