Министерката за одбрана Славјанка Петровска, заедно со делегација од Министерството, престојува во официјална посета на Обединетото Кралство и на британското Министерство за одбрана.
Петровска на социјалните мрежи објави фотографија дека сретнала со Џорџ Робертсон, поранешниот генерален секретар на НАТО.
-Секогаш е задоволство да се разговара со лорд Џорџ Робертсон и сер Барни Вајт Спунер – пријатели на Северна Македонија и основачи на Охридската група. Вечерва се сретнавме во британскиот Парламент и разменивме мислења за актуелните предизвици, напиша Петровска покрај споделената фотографија.
Во Лондон, министерката Петровска ќе се сретне со нејзиниот домаќин, министер за одбрана на Обединетото Кралство, Бен Валас.
Петровска ќе се сретне и со генерал потполковник Роберт Магован, заменик-командант на Стратегиската команда, како и со Дејвид Куари, заменик-национален советник за безбедност.