Петровска: Се запечати најголемата лага на ВМРО-ДПМНЕ, нивните пратеници гласаа против Законот за бранителите

од Milan1
442 прегледи

Денес се запечати најголемата лага на ДПМНЕ, а излезе на виделина нивното лицемерие, познато како пред и по избори“, напиша на својот Фејсбук профил пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска по повод денешните настани во Собранието поврзани со Законот за бранителите.

„Вистината е дека денес пратениците на ДПМНЕ гласаа против Законот за бранителите. Во декември 2023 го блокираа Законот за вработени во одбраната, под изговор дека додека не се донесе тогашниот предлог на Законот за бранителите нема да се донесе Законот за вработените во одбраната. Реалноста е дека Законот за вработени во одбраната е донесен, ама денес не го поддржаа одблокирањето на Законот за бранители. За 8 месеци власт, десетина лаги на ДПМНЕ се обелоденија, но најголемата вистина е дека ним граѓаните никогаш не им биле важни“, пишува Петровска во објавата.

Слични содржини