297
Јас отворено дискутирам, во политиката сум од 90-тите. Ги разгледувам состојбите, нудам свои ставови ако имам можност и тоа се побара од мене давам решенија, вели поранешниот пратеник Филип Петровски во „Студио 10“.
-Моите ставови не се благопријатни јас не можам идиот да сметам дека е научник или академик ако е идиот јас кажувам дека е идиот и тоа на некому му пречи. Така да беа направен серија на напади од маскирани луѓе кои се фатени на камери. Jас кажав дека може медиумите да се заинтересираат и на обвинителот ќе му кажам дека мислам дека сум нападнат од полицаец и тоа од специјалните единици кои се контролираат од подземните структури и тие се поврзани од една политичка партија, вели Петровски.