Првите кучиња, мачиња ги фрлаат во вода, Исус рече јас сум син Божји ама не му поверуваа и го распнаа на крст, вели во „Тешки муабети“ поранешниот политичар од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Филип Петровски за неговите предвидувања дека изборот на Христијан Мицкоски за претседател на ВМРО-ДПМНЕ ќе предизвика штета на партијата но и на државата.
– Идејата е тоа, јас тоа што го гледав за жал многумина не го гледаа, го гледав затоа што имав претходни информации, гледав во време на конгресот и затоа што имав некоја серија од десетина-петнаесет средби со Фруевски во 20156-2017, работев еден сериозен проект кој наметнуваше почесто да се гледаме, вели Петровски.
На последниот разговор тој точно ова што се случи во Македонија ми го отслика, јас се надоврзував на тоа што го кажа дека изборот во Валндово не е соодветен, Конгресот не елегитимен, се беше фарса, сцена, луѓето беа таму декорација да се сликаат. Ги однесоа Пандов, Даштевски како ликови во одела за да обезбедат побезболна транзиција.
Тој појаснува дека ВМРО-ДПМНЕ тогаш не нашла да најде сила да направи демократски конгрес.
-И како партија немаме историја на демократски конгреси и убиството на Протогеров е заради кавгата со Ванчо Михајлов.Ние си ја земавме целата историска линија и континуитет на Конгреси и изгледа си го земавме и начинот на правење на конгреси и бирање на погрешни личности.Човекот никој не го знаеше пред да стане ген-сек, а очигледно и самото промовирање билло подготовка да го запознаат со членството за да подоцна го пласираат. Местењето на Конгресот предизвика катастрофални последици за Македонија, овозможи пасивна партија,, промена на име, Устав, купување пратеници и работи кои сега се влечат и продлабочуваат, вели Петровски.