Петрушевска: Престојот во природа ми буди посебно чувство на исполнетост, од врвот на планината може да видите колку светот е голем

од Берта Китинска
349 прегледи

Упорна, истрајна, позитивна…Маја Петрушевска е триесет и една годишна девојка од Скопје која е магистер по економси науки и зависник од приирода и адреналин.

Петрушевска во разговор за „Локално“ вели дека со планинарство активно се занимава 4 години , а оваа година се здобила со своето прво високогорско искуство освојувајќи го Врвот Арарат 5137 м. во Труција.

-Планинарењето е незаборавно искуство,независно за која планина станува збор,запознавањето со пределот,целата магија што ја нуди природата,утрата што ги пречекувате во шатор,не можат да се опишат, вела таа.

Кога и како настана вашата љубов кон планинарењето?

– Љубовта во природата кај мене е присута уште од детството,а планинарењето дојде спонтано.Без никакво очекување на првата моја тура отидов со идеја за рекреативно планинарење.Постепено станав зависник од планините и природата како и од чувството кога после секоја планинарска тура моите видици беа пошироки и сите оние “мали нешта” во секојдневето многу позначајни. Планинарењето за мене не е само спорт,тоа е многу повеќе,тоа е начин на живот.Престојот во природа ми буди посебно чувство на исполнетост,без разлика дали се работи за прошетка покрај езеро или за напорно искачување на некој од високите планински врвови.

Како изгледа вашата подготовка за планинарење? Каква опрема е потребна?

-Челна лампа,прва помош,капа ракавици,астофолија,запалка,hand warmers се работи кои никогаш не ги вадам од ранец.Во зависност од планинарската тура опремата се разликува.На врвот на листата се чевли,облека и оперма соодветна за очекуваните временски услови,доволно вода и храна тежински лесна,а енергетски богата.Gps запис од рутата,тоа редовно го правам,користам и офлајн мапи за движвење по терен,како и предходна консултација со планари коишто го знаат теренот и поискусни планинари.Ова го препорачувам на сите планинари без разлика на искуството.Планината е апсолутно непредвидлива и никогаш ама баш никогаш не треба да се потцени.

Кој е според вас најдобриот дел од овој спорт? И со какви предизвици најчесто се соочувате?

– Најдобриот дел од овој спорт е тоа што покрај активноста,штитењето на здравјето, дружењето, пуштањето “мозок на пасење”,стекнувањето кондицаја и позитивна енергија е и поместувањето на своите лични грнаници.Предизвиците со којшто се соочувам се токму тие поместувања на моите физички и психички лимити.Секоја нова планинарска тура ме збогати и ги прошири моите хоризонти,денешниот начин на живот наметнува темпо со кое ние често немаме време да размислуваме за себе.Престојот во природа е нешто што физички ќе не исцрпи, но од друга страна, тоа ќе не исполни со чувство на задовоство и збогати со нови искуства.

Кои планини во Македонија се најатрактивни за пешачење?

– Нависитина е тешко да се издвои.Сите планини се бисери на Македонија и ниту една од нив не се натпреварува по убавина и атрактивност,барем според мене.Секоја од нив си има свој шарм,специфичност и свои интересни каратктеристики.

Кое ти било најлесното искуство досега (како препорака за почетниците), а кое ти било најтешкото и зошто? И дали имаш омилени планина или врв на коишто сакаш постојано да се навраќаш?

-Сум прошетала повеќе планини низ Македонија, во разни временски услови и секоја е убава на свој начин, но сите се опасни дури и за најискусните.Едно од мојте најлесни искуства е Лешница на Шар Планина.Лешница е еден вид алпска убавина,тоа не се опишува со зборови,мора да се доживее.Најтешкото искуство го доживеав на Татрите- Словачка, во обид на искачување на последните 300 м на Врвот Герлаховски Штит. Искачувањето не беше успешно,поради многу топло време и опасност од лавина.Сепак беше прекрасно и поучно искуство,од предизвиците со кој што се соочуваме некогаш ги добиваме и најдобрите лекции.

Врвот Љуботен на Шар Планина би го одвоила,тоа беше љубов на прв поглед…и да постојано му се навраќам и секој пат му се воодушевувам како и првиот пат.

Можеш ли да ни опишеш какво е чувството кога стоиш на врвот на планина? Што тогаш ти проаѓа низ мислите?

-Мир спокојство,исполнетост и повторно надминување на себе си…Од врвот на планината може да видите колку светот е голем и колку се широки хоризонтите.

Која е предноста на планинарењето во споредба со другите спортови?

– Планинарењето е незаборавно искуство,независно за која планина станува збор,запознавањето со пределот,целата магија што ја нуди природата,утрата што ги пречекувате во шатор,не можат да се опишат.Предноста е што преку оваа активност најпрво се запознавате себе си,своите можности,граници,како да ги надминете,но и како да ги поместите.

Што планирате да правите во иднина кога станува збор за планинарење?

– Не брзам,многу често се случува да одам на планина на којашто веќе сум била,уживам и секој пат различно ја доживувам.После мојата прва поголема експедиција и совојување на врвот Арарат,желбата за високогорство ми преовладува.Па сигурна сум дека плановите за некој повисок врв наскоро ќе се реализираат.

Б.М.

Слични содржини