Петрушевски: Груби може да има договор само со јавното обвинителство

„Ниту го имаме преземено судството како што опозицијта инсинуира ниту пак имаме договор (со Артан Груби) ниту пак можеме да имаме договор“, изјави Бране Петрушевски

од Кристијан Димков
7 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/ТВ Телма

Го разбирам револтот кај граѓаните за мерката куќен притвор за Артан Груби, но таа мерка не ја носи Владата туку по предлог на јавно обвинителство го носи судската власт која според Уставот на Република Македонија е независна, изјави пратеникот од ВМРО – ДПМНЕ, Бране Петрушевски на вчерашната дебата во „Топ тема“ на Телевизија Телма

„Ниту го имаме преземено судството како што опозицијта инсинуира ниту пак имаме договор (со Артан Груби) ниту пак можеме да имаме договор. Договор може да има само со јавното обвинителство“, изјави Бране Петрушевски

Тој изјави дека безбедносната проценка ја вршат надлежните институции, додавајќи дека постои договор помеѓу  СДСМ и ДУИ и дека судството и обвинителството имаат доверба од 2% бидејќи сѐ уште се под контрола на СДСМ