Петрушевски: Утре ќе поднесам претставка до Републичкиот судски совет од каде што ќе барам разрешување на судијата

од Radmila Tasevska

„Што е суштината на овој предмет и зошто велам дека е обид да се замолчи опозицијата, и дека има спрега помеѓу власта и судството? Сведоци сме дека во изминатиот период откако СДСМ ја презема власта во Македонија, на серија на вакви случаи многу поголеми од мојот случај“, истакна пратеникот Бране Петрушевски во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија говорејќи за тужбата од пратеникот од редовите на СДСМ, Мартин Костовски.

„Она што мора да го знае целокупната јавност е дека пратеникот ужива имунитет согласно Устав и согласно закон за пратеници. Членот 64 од Уставот вели дека пратеникот не може да биде повикан на кривична одговорност или да биде притворен за искажано мислење или гласање во Собранието. Да, нагласена е кривичната одговорност меѓутоа во тој момент кога е носен Уставот граѓанската одговорност за клевета и навреда не постоела, туку била како кривично дело. Подоцна под притисок на новинарите и медиумите, кривичното дело за навреда и клевета е декриминизилирано и ставено во делот на граѓанска одговорност. И затоа во членот 16 од Законот за пратениците е дефинирано дека пратеникот не може да биде повикан на кривична или друга одговорност, или да биде притворен за искажано мислење или гласање на седниците Собранието и неговите работни тела“, објасни Петрушевски.

Петрушевски посочи дека суштината на овој материјален имунитет како што го нарекуваат правниците е да се гарантира слободата на говорот на пратеникот во Собранието на Република Македонија.

„Јас ова нема да го оставам така, ќе го терам до крај со сите правни лекови кои што ми стојат на располагање. Најпрвин ќе поднесам жалба до Апелација, веќе и утре и формално ќе ја поднесам претставката до Републичкиот судски совет од каде што ќе барам изрично разрешување на овој судија за или класично непознавање на судски систем што е срамно за еден судија да покажува таква неписменост во познавање на правото во државата. Вака да осудите пратеник замислете тогаш како суди на граѓани“, рече пратеникот.

Тој додаде дека овде во овој случај не станува збор за непознавање, туку е политички притисок и обид за замолкнување на опозицијата.

Слични содржини