Петта епизода на „Фчерашни новости“

од Vladimir Zorba
71 прегледи

По долго време синхронизација во Парламентот – што се се зборува во Собранието кога претседателот ќе ти го прекини летниот одмор. Тука е и новиот суперхерој Суприм џаџмен, а ќе ви кажеме како може да си се земеш сам со себе, кога невестата не сака да ти дојде на свадба.

фц(3)

„Фчерашни новости“ е хумористично-сатирична емисија, на која работи креативен тим предводен од Бранко Огњановски, најпознат како Миле Паника од „К-15“.

Во секоја епизода во околу 30 минути, преку призмата на хуморот и сатирата, се обработуваат актуелни теми од секојдневниот живот.
„Фчерашни новости“ премиерно се прикажува секоја недела на „Телма“, а се емитува и на 24 регионални и локални телевизиски станици.

 

На „Јутјуб“ погледнете ги и сите досегашни скечеви, а на „Инстаграм“ и „Фејсбук“ фотографии и новости од снимањата на новите епизоди.