Петти пораз во низа за МЗТ Скопје во АБА 2 лигата

од Aleksandar Petrovski

Кошаркарите на МЗТ Скопје го забележаа петтиот пораз во низа во АБА 2 лигата откако неочекувано загубија со 79-70 на гостувањето против „фенерџијата“ Нови Пазар.

Пресудно за поразот на „металците“ беше очајно одиграното прво полувреме во кое домашните со цврста игра под кошевите, се стекнаа со предност од 15 поени разлика (48-33).

Најефикасен кај МЗТ беше Олуџоби со 20 поени, 12 скока и две асистенции, додека Магдевски заврши со 13 поени. Во победничкиот тим се истакна Мелори со 27 постигнати поени.

МЗТ Скопје по 21 коло е на втората позиција на табелата со 12 победи и 9 порази, зад водечкиот Борац кој има 19 победи и само два порази.

 

Слични содржини