Петтиот пакет мерки ќе се донесе по исцрпна консултација со сите чинители во општеството, вели Битиќи

од Vladimir Zorba
183 прегледи

Во рамките на петтиот пакет кој, како и претходните четири ќе се донесе по исцрпна консултација со сите чинители во општеството, стопанствениците, работодавачите и на работниците, синдикатите и на други засегнати страни се разгледуваат два модела за поддршка за исплата на плати, истакна вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на ТВ 24, додавајќи дека едниот е тој што се применува сега.

Во месец април финансиска поддршка за плати е исплатена на 128.000 корисници, односно на околу 21.000 компании, а во декември лани се дадени 60.000 плати, на 10-11 000 компании и самостојни вршители на дејност, при што за да бидеме конзистентни користевме исти критериуми, рече Битиќи.

„Сега нудиме нов модел преку развојна банка за финансиска поддршка за плати, преку кредити со 0 посто камата, каматата ја субвенционира државата, им даваме на компаниите 12 месеци грејс период и отплата од 3 години, под услови ако покажат негативни резултати да го враќаат кредитот, ама ако покажат позитивни резултати 30% од средствата стануваат грант, што оди во прилог на рестартирање на економијата, посочи Вицепремиерот.

Двата модела се на маса ќе преовлада оној што ќе ги даде најдобрите резултати, додаде тој.

Слични содржини