Состојки:
Тесто:
– 220 мл топла вода
– 1 лажица шеќер
– 25 гр свеж квасец или 1 кесичка сув квасец
– 3 лажици маслиново масло
– 1 лажичка сол
– 300 гр брашно
Фил:
– маслиново масло
– лук
– тиквички
– моцарела
– босилек, оригано
Подготовка:
Растворете го квасецот во топла вода, додадете шеќер, маслиново масло, сол и добро измешајте.
Оваа смеса истурете ја во брашното и замесете тесто.
Оставете го тестото да отстои околу 15 минути, што е доволно за да нарасне дупло.
Тестото поделете го на четири дела, размесете го и филувајте.
За една пица со големина на чинија, исечкајте еден лук и измешајте го со три лажици маслиново масло. Додадете свеж или сушен босилек и оригано.
Изрендајте една тиквичка (околу 300 грама), посолете ја и оставете ја да отстои околу половина час. Исцедете ги тиквичките.
Врз тестото намачкајте ја смесата со маслиново масло, распоредете ги тиквичките и посипете ја моцарелата.
Се пече на 250 степени додека не добие убава златно-жолта боја.