Дилер на дрога во Велика Британија беше осуден на две години затвор, откако во пијана состојба се пожалил на полицијата дека му ги украле дозите кокаин, кои требало да ги пласира.
Минатата година 23-годишниот Дениел Баркер беше нападнат во еден од парковите на градот Карлајл од двајца мажи кои го ограбиле. Со несреден ум тој отишол во полицијата и се пожалил дека му го украле кокаинот, кој сметал да го продаде токму на крадците.
“Тој не можеше да се сети на детали од несреќата, бидејќи беше под дејство на алкохол”, истакнал обвинителот во случајот Жерар Роджерсон. Покрај тоа Баркер чистосрдечно си признал дека кај него останале неколку дози кокаин, а и во својот дом имал дрога. Полицајците му пронашле во чантата три пакетчиња кокаин за 88 фунти. Односно го уапсиле. Сега поради алкохолните откровенија тој ќе лежи две години зад решетки под обвинение за чување и дистрибуција на дрога, а и ќе треба да се оддаде на 200 часа јавен труд.