Пијан возач удрил со автомобил во хотел на аеродромот во Минхен

од Берта Китинска
282 прегледи

Непознат маж со својот автомобил удрил во хотел на меѓународниот аеродром во Минхен и предизвикал кратка паника меѓу присутните.

Германската полиција соопшти дека најверојатно се работи за пијан маж кој се скарал со познаник, а потоа со својот автомобил удрил во хотелот.

Хотелот бил евакуиран со брза интервенција, но истрагата утврдила дека нема опасност од уривање на зградата, бидејќи штетата не била од големи размери.

Возачот е единствениот повреден во инцидентот и е пренесен во болница.

Полицијата најави истрага за деталите за овој необичен инцидент.

Слични содржини