Пикачу симбол на протестите во Турција – вирално видео од Анталија

од Nikola Popovski
42 прегледи

Протестите во Турција ја поттикнаа креативноста на граѓаните. За време на еден од вчерашните собири во Анталија бил забележен некој облечен како Пикачу и снимен како бега од полицијата која брка демонстранти. Видеата и сликите од станаа вирални на интернет.

Покрај кликовите, лицето добило и голема поддршка од поддржувачите на демонстрантите. Дел од турските граѓани биле облечени и како јунаци од стриповите и филмовите, при што можеше да се забележи и по некој „Спајдермен“.

Пикачу е познат лик од цртаниот серијал „Покемон“.

Протестите во Турција се предизвикани од апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, главен ривал на претседателот Реџеп Таип Ердоган. Имамоглу беше избран од неговата партија за кандидат за претседателските избори во 2028 година.

Тој имаше добри резултати во последните анкети против Ердоган, за кого неговиот избор за градоначалник на најголемиот турски град во 2019 година беше голем удар.

Од вторникот, турското Министерство за внатрешни работи објави дека се уапсени околу 1.400 демонстранти, меѓу кои и локални и странски новинари.

Слични содржини