Пикантни палачинки со пилешко месо

од Stefanija Kuzmanovska
286 прегледи

Состојки:

– 3 јајца

– 250 гр брашно

– 350 мл млеко

– 1 дл минерална вода

– 1 лажичка сол

– 1 лажичка шеќер

Фил:

– 500 гр пилешко бело месо

– 2 главици кромид

– 300 мл пасирани домати

– 250 мл супа од зеленчук

– 3 лажички слатка црвена пиперка

– 150 гр павлака

– 1 лажичка шеќер

– лута пиперка

– сол, бибер и други зачини по желба

– масло

– павлака за декорација, по желба

Подготовка:

Прво изматете ги и испечете палачинки од горенаведените состојки.

Пилешкото исечкајте го на мали коцки. Исечкајте го и кромидот и потоа пропржете го малку на масло.

Кога ќе добие златно жолта боја, додадете го месото и динстајте го со кромидот 10 минути со постојано мешање.

Потоа на средината на садот намачкајте малку месо и додадете слатка пиперка која кратко ќе ја пропржите.

Се прелива со домати, се додава супа, сол, бибер, се додава една лажичка шеќер и по желба и други зачини, како и лута пиперка.

Гответе 10 минути, а потоа тргнете го садот од шпоретот. Прецедете го сосот од месото преку цедалка во друг сад, а палачинките наполнете ги со месото.

Повторно ставете го сосот на шпорет, додадете ја павлаката и оставете да се крчка минута-две.

Наполнетата палачинка ставете ја на чинија, прелијте ја со неколку лажици сос, по желба додадете една лажица павлака и послужете.

Слични содржини