Пике цел на критики откако ја изневери Шакира: „Какво зло си направи на семејството“

од Stefanija Kuzmanovska

По веста дека фудбалерот Жерар Пике (36) и пејачката Шакира (45) се разделуваат по 12 години и по шпекулациите дека причина за раскинувањето е неверството на Пике, корисниците на социјалните мрежи го преплавија Инстаграмот на фудбалерот со бројни навреди.

Имено, под последната фотографија на Инстаграм, на која тој е во друштво со колегите од клубот и го промовира новиот дрес на Барселона, се огласија многу разочарани фанови.

– Како е Шакира?, го прашаа.

-Те молам, Пике, кажи ми дека тоа не е вистина“, напишаа многу обожаватели на парот.

– Како можеше да ја изневериш Шакира, брат?, се прашуваа корисниците на кои се уште не им е јасно што се случило.

Различни критики и навреди се најдоа и под селфито кое фудбалерот извесно време редовно го објавуваше.

– Ги избричи мустаќите и брадата за да изгледаш помладо покрај девојката со која ја изневеруваш Шакира – напишаа корисниците на Инстаграм.

На фотографијата на која е со синовите Милан и Саша, но и на онаа на која се заедно со Шакир, неговите следбеници напишале дека си го уништил семејството.

„Какво зло си направи на семејството“, гласи еден од коментарите.

– Ги изгуби синовите поради некаква бесрамница – напиша друга корисничка на Инстаграм.

Слични содржини