Потребни ви се само неколку состојки за фантастичен оброк.
Состојки:
– 4 пилешки гради без коски и кожа
– 220 гр песто од босилек
– 4 дебели парчиња кашкавал
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180℃.
Исчукајте ги пилешките гради за да се израмнат.
Во средината на месото додадете четвртина од пестото, врз сосот ставете парче кашкавал и сè заедно завиткајте во ролат. Затворете ги краевите на пилешкото со чепкалка за заби.
Постапката повторете ја додека не ги потрошите сите состојки.
Подготвените ролати ставете ги во плех обложен со хартија за печење.
Ставете ги во претходно загреана рерна и печете околу 40 минути додека пилешкото да добие убава златно-кафеава боја и термички да се обработи до крај.
Пилешкиот ролат исечете го на кришки дебели околу два сантиметри и послужете го со прилог по ваш избор.