Пилешко месо во презла

од Stefanija Kuzmanovska

Состојки:

– 2 парчиња пилешко бело месо

– 80 гр презла

– масло

– сол, бибер

– зачини по желба

Подготовка:

Исчистете го месото од кожа и жили, па исечете го на помали парчиња. Зачинете со сол и бибер, па прелијте со маслото и убаво измешајте.

Во презлата додадете ги зачините, измешајте и во неа валкајте ги парчињата пилешко. Наредете ги во плех, на хартија за печење, да не се допираат.

Печете дваесет минути, на температура од 200 степени.

Слични содржини