Пилешко со кашкавал и зеленчук

од Stefanija Kuzmanovska
339 прегледи

Состојки:

– 1 кг пилешко

– 1 китка зеленило (2-3 моркови, целер, магдонос, пашканат)

– 2 чешниња лук

– 400 гр шампињони

– 2 дл бело вино

– 1/2 главица кромид и уште две главици кромид за шампињоните

– 1 чаша – 200 мл кисела павлака

– 100-150 гр кашкавал

– сол, бибер, ловоров лист

Подготовка:

Ставете го пилешкото да се готви со 2-3 моркови, мал корен од целер, корен од магдонос и пашканат (целата врска зелена).

Додадете половина главица кромид и лук исечени по должина. Сварете ја супата.

Исечкајте ги шампињоните. Два главици кромид ситно се сечкаат и се пржат на масло, се посолува, па се додаваат печурките и се се пржи додека не испари течноста што ја испуштаат печурките. Додадете бибер.

Одделете го пилешкото од супата и исечете го на ситни парчиња (сечете на ленти), не сосема мали.

Во пржените печурки и пилешкото додадете павлака и сè измешајте. Зачинете со бибер, додадете вино, па посолете по вкус и ловоров лист.

Кашкавалот се ренда и се става во рерна на 180 степени да се пече, да испари виното и да се растопи кашкавалот. Доволни се околу 25 минути.

Посипете со ситно исечканите листови од магдонос или целер и послужете со салата по избор.

Слични содржини