Состојки:
(за 4 лица)
– 600 гр пилешко бело месо
– 1 јајце
– 2 лажици густин
– 4 лажици соја сос
– 1 китка зелени гранчиња целер
– 1 млад кромид
– 2 црвени пиперки
– 2 зелени пиперки
– 2 лажици бело вино
– 1 лажица вински оцет
– 2 лажици шеќер
– 1/2 лажичка ѓумбир
– 1 шолја печени кикиритки
– масло
Подготовка:
Исечете го месото на помали парчиња.
Јајцето изматете го, прелијте го врз месото, посипете со една лажица густин, па додадете две лажици соја сос и сè убаво измешајте.
Оставете да отстои барем половина час.
Исечкајте ги целерот, кромидот и пиперките.
Во чаша измешајте еден децилитар ладна вода, една лажица густин, две лажици соја сос, вино, оцет и шеќер.
Во голема тава загрејте го маслото, па во него пропржете го месото. Кога ќе добие убава боја, извадете го на салфетка.
Во истото тавче кратко пропржете го зеленчукот, ѓумбирот и лукот, вратете го месото и прелијте со течноста од чашата и кратко проварете.
Додадете кикирики непосредно пред сервирање.
Послужете со варен ориз.