95
Пилешко бело месо во фантастичен сос.
Состојки:
– 600 гр пилешко бело месо
– 1 лажичка мелена пиперка
– 40 гр путер
– 700 гр праз
– 150 мл бело вино
– 100 мл павлака
– 1 лажица сув билен зачин
– 1 кафена лажичка куркума
Подготовка:
Исечете го пилешкото на парчиња. Празот убаво измијте го и исечете го на прстени.
Во загреаниот путер пропржете го месото и подготвениот праз. Додадете мелен црвен пипер и веднаш прелијте со 100 мл топла вода.
Промешајте, додадете зачини и продолжете да динстате на умерена температура, прелијте го месото со бело вино додека не омекне.
Додадете куркума и на крајот измешајте павлака.
Пријатно!