Пилотите на Луфтханза најавуваат нов штрајк, доколку компанијата не даде „сериозна“ понуда

од Vladimir Zorba
211 прегледи

Синдикатот на пилотите на Луфтханза денеска објави дека ќе започне дводневен штрајк почнувајќи од среда, освен ако компанијата не даде „сериозна“ понуда за зголемување на платите, јавува Асошиејтед прес.

Тоа ќе биде втор штрајк за една недела, бидејќи пилотите ја напуштија работата во петокот, предизвикувајќи откажување на стотици летови.

Пилотите бараат и нова структура за плати и одмор.

Од авиокомпанијата тврдат дека овие мерки ќе ги зголемат трошоците за персоналот за околу 40 отсто, односно за околу 900 милиони евра за две години.

Наместо тоа, Луфтханза нуди еднократно зголемување од 900 евра, што претставува зголемување од 5 отсто за постарите пилоти и 18 отсто за оние кои ја започнуваат професијата.

Слични содржини