Pininfarina го претстави новото специјално издание на својот електричен хиперавтомобил Battista.
Pininfarina Battista Nino Farina Edition оддава почит на историјата на Pininfarina како и на Формула 1. Како што е наведено, инспирација за овој модел бил Нино Фатина, првиот официјален светски шампион во Формула 1 (титулата ја обезбеди во 1950 година возејќи Alfa Romeo) . Неговиот вујко бил Батиста Фарина, основачот на Pininfarina и личноста по која го добил името хиперавтомобилот.
Хиперавтомобилот доаѓа во боја Rosso Niro, со Bianco Sestriere и Iconia Blu елементи.
Има и црн покрив и црни врвови на вратите, како и видливи карбонски влакна на страничните ретровизори, преден спојлер, прагови и заден дифузор.
Конечно, пакетот вклучува и тркала со златна боја и странична графика „01“.
Што се однесува до внатрешноста, таа е обложена со кожа, вклучувајќи ги и предните седишта кои се во различни бои (и двете седишта имаат букви Nino Farina). Во кабината како контраст се користени сините и црвените бои, а повторно се истакнуваат карбонските влакна и алуминиумот.
Планирани се само пет примероци, од кои секоја ќе носи посебна плоча на вратата која ќе означи одреден момент од животот на Фарина. Поради ова, ниту еден автомобил нема да биде идентичен.
Battista има четири електрични мотори со вкупно 1900 КС и 2340 Nm, додека батериите се 120 kWh (домет до 476 km). Забрзувањето до 100 km/h трае 1,86 секунди, а максималната брзина е 350 km/h.
Automobili Pininfarina не ја наведува цената за ова издание, па еве потсетување дека стандардниот Battista чини 2,2 милиони долари.
Конечно, овој хиперавтомобил ќе може да го видат посетителите на фестивалот на брзина во Гудвуд, кој започнува на 13 јули.