Пиоли: Мораме да покажеме дека сме силни и без Златан

од Vladimir Zorba

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли потврди дека Златан Ибрахомовиќ и Анте Ребиќ ќе го пропуштат утрешното дерби со Интер. Сепак, Фикајо Томори ќе биде достапен.

„Мораме да ги земеме предвид карактеристиките на противникот. Важно е, но никогаш нема да го промениме начинот на игра и утре тоа нема да биде исклучок“, изјави Пиоли.

„Се бориме, дали за титулата или за Лигата на шампионите, ние сме во борба. Одигравме одличен натпревар против Јувентус, но ни недостасуваше квалитет во завршната фаза. Тоа ни треба утре. Ова е исклучително важен натпревар и сакаме да победиме“.

„Златан и Ребиќ нема да бидат на располагање. Томори заврши одлична работа и мислам дека ќе биде со тимот, иако најверојатно нема да го започне натпреварот. Оливие Жиру е важен играч и тој е подготвен. Жал ни е што Ибра нема да биде со нас Многу се подобривме благодарение на него, но сега треба да покажеме дека сме силни и без него“, додаде тренерот.

Пиоли го коментираше и зимскиот преоден рок во кој Милан не беше многу активен. Клубот го привлече 18-годишниот напаѓач на Црвена звезда Марко Лазетиќ и ја раскина позајмицата на Пјетро Пелегри.

„Ги знам квалитетите на моите играчи. Немавме можност да привлечеме играч кој може да го подобри нивото на тимот и веруваме во нашите играчи. Тоа беше заедничка одлука“, изјави тренерот.

Слични содржини