Пиперки полнети со компири и сирење

од Stefanija Kuzmanovska
346 прегледи

Состојки:

– 4 црвени пиперки

– 1 кромид исечкан на коцки

– 1 праз исечен на прстени

– 1 морков, крупно изрендан

– 1 чешне лук, исечкано

– 5 компири исечкани на коцки

– 150 гр свежо сирење

– 1 лажичка сув билен зачин

– 1/2 лажичка сол

– 1/2 лажичка бибер

– маслиново масло

Подготовка:

На загреано маслиново масло пропржете ги неколку минути кромидот, лукот, празот и морковот.

Потоа додадете ги компирите и продолжете со пржење на умерена температура со постојано мешање додека компирот малку не омекне. Извадете го од шпоретот и изладете.

Во ладниот фил додадете сол, бибер, суви билки и свежо сирење, па измешајте.

Огноотпорен сад подмачкајте со масло и загрејте ја рерната на 200 степени.

Исечете го капачето на пиперките, зачувајте го. Исчистете ги од семките, па наполнете ги со фил.

Затворете ја секоја со соодветното капаче. На дното на садот ставете го вишокот фил, наредете ги пиперките и попрскајте ги со масло. Печете еден час.

Послужете топло или ладно, со печено месо или како самостојно јадење.

Слични содржини