300
Словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар и нејзиниот австриски колега Александар ван дер Белен денеска ја завршија дводневната посета на Молдавија со средба со гувернерот на Народната банка на Молдавија, Октавијан Армасу.
Пирц Мусар уште еднаш истакна дека проширувањето на ЕУ е вистинскиот пат напред.
Коментирајќи ги напорите на Молдавија за членство во ЕУ, Пирц Мусар рече дека пристапните преговори се специфичен процес кој бара адаптација, преобликување и поддршка од целото општество, се вели во соопштението од кабинетот на словенечката претседателка.