Пировска: На локалните избори имаше зголемен процент на случаи на говор на омраза

Кога имате жени кандидатки или жени јавни личности кои што за време на изборите се повеќе истакнати во јавноста, се забележува говор на омраза со сексуална конотација, коментирање на нивниот изглед и статус, вели за „Локално“ Уранија Пировска, првиот човек на Хелсиншки комитет за човекови права во земјава.

од Бисера Трајковска
10 прегледи Фото: Фејсбук/Уранија Пировска

Извршната директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права во земјава, Уранија Пировска оценува дека на последните локални избори имаше зголемен процент на случаи на говор на омраза, најмногу по етничка и политичка афилијација.

Пировска за „Локално“ потенцира дека и жените на овие избори многу често беа на удар.

-Родово базираниот говор на омраза секогаш е присутен. Кога имате жени кандидатки или жени јавни личности кои што за време и пред изборите се повеќе истакнати во јавноста, се забележува говор на омраза со сексуална конотација, коментирање на нивниот изглед, на нивниот статус, на тоа дали имаат или немаат деца. Ова е нешто што никогаш нема да го забележите кога станува збор за припадниците на машкиот пол, додава таа.

Во контекст на извештајот на ЕК, каде што се оценува дека во Македонија има стагнација во делот на недискриминација и човекови права, Пировска посочува дека Хелсиншкиот комитет за човекови права бележи случаи на говор на омраза со години наназад, но воопшто не констатира напредок, затоа што недостасуваат санкции.

Б.Т.

Слични содржини