Пирс Броснан (71) на музички фестивал во лежерно издание

од Vladimir Zorba
41 прегледи

Познатиот актер Пирс Броснан е снимен на музички фестивал во лондонскиот Хајд Парк, а со својот изглед ги изненади обожавателите.

Седумдесет и едногодишниот актер, познат по својот исполиран стил и препознатливиот шарм, на фестивалот се појави во лежерно издание и со несредена брада, а фановите коментираа дека ги загрижува неговиот „расеан изглед“.

Фотографите го уловија актерот како добро се забавува на фестивалот, каде американската група Kings of Leon ја крена публиката на нозе.