181
Писателот Салман Ружди го изгубил видот на едното око и не може да ја користи едната рака по нападот што го претрпел додека се подготвувал да одржи предавање во американската сојузна држава Њујорк пред два месеци, потврди неговиот агент Ендрју Вајли.
75-годишниот автор, кој доби смртни закани од Иран во 1980-тите по објавувањето на неговиот роман „Сатански стихови“, беше избоден со нож во вратот и торзото додека излегол на сцената за да одржи говор за уметничката слобода во Институтот Чаутауква на 12 август, објави британскиот весник „Гардијан“.