Може сè уште да не те имам, но знам дека еден ден ќе добијам ќерка. Секогаш сум сакала ќерка. Дури не можам да се сетам точно кога одлучив дека сакам да имам бебе, но секогаш сум знаела дека мојот сон е да имам девојче.
Дури би се вознемирила ако немам девојка … Како што често сакам да кажувам, девојките ме сакаат! Имам неверојатни пријателки. Ги сакам сите мои братучетки. Горда сум што сум жена, работам со силни жени и им вдахнувам од женската сила. Сосема природно е да сакам да имам ќерка.
Ќе се случи! Како го знам ова? Наречи го женска интуиција. А, можеби јас само сакам волјата да ја претвори силната желба во реалност.
Значи, го пишувам ова писмо за да ти дадам еден многу важна лекција, нешто за што ми требаше години, за да го разберам. Се надевам дека ќе ти даде сила и ќе ти помогне да станеш посилна и независна, истовремено со тоа и одговорна и љубовна жена.
Сакам пред сè да бидеш самостојна и да се ставиш себе пред сè. Ова е мојот начин да кажам дека сакам да се љубиш себе. Ќе ме чуеш да ти го повторувам тоа секој пат – “Сакај се себе!”. А ти често ќе превртуваш очи, одговарајќи: “Добро, мамо, сфатив!”.
Ти веќе си тинејџерка. Се сеќавам како се чувствував на твои години. Затоа и не се навредувам, кога не сакаш да слушнеш што ти велам. Да се слушаат предавања на мајка си не е најпријатно нешто на светот. Можеби ова писмо ќе биде уште едно нешто што ќе го отфрлиш со лесна рака.
Мојата надеж е дека ќе го прочиташ, кога си скршена, кога се сомневаш во својата вредност, кога си со скршено срце. Посакувам ова писмо да ти помогне да продолжиш понатаму. Можеби дури и некој ден да го предадеш на својата ќерка.
И така, продолжувам со своето “предавање”. Толку е важно да се сакаш себе! Првиот чекор кон тоа да се сакаш себе е да се чувствуваш добро во својата кожа. Погледни се гола. Восхити се на убавината, дури и на она што го сметаш за несовршеност. Истражувај ги своите движења. Анализирај ги мотивите кои те прават да се срамиш од несовршеностите. Само така ќе знаеш која си и од што имаш потреба, за да бидеш среќна и вистинска жена.
Сакам да се чувствуваш подобро кога си сама. Сакам да поседиш во тишината и покрај тоа да се почувствуваш цела и комплетна. Сакам да бидеш отворена да сакаш и да знаеш дека си сакана, без разлика во каква состојба ти е врската. Не сакам да се плашиш. Не сакам и да бидеш премногу внимателна. Сакам да бидеш отворена и исполнета со верба.
И, се разбира, сакам да знаеш дека те сакам! Секогаш ќе те сакам. Дури и кога ја трескаѓ вратата во моето лице, јас ќе бидам таму кога си подготвена да зборуваш. Тоа е мајчината љубов. Ќерко, ништо не е во можност да го промени тоа.
Се надевам дека само по себе тоа е доволно за да те охрабри и да те поттикне да бидеш своја, знаејќи дека секогаш ќе има некој кој те сака на сите можни начини. ”
Со љубов,
Мама
