Писмо со сочувство од Заев до турскиот претседател Ердоган

од desk3
77 прегледи

Претседарелот на СДСМ, Зоран Заев, во свое име и во има на партијата упати телеграма со сочувство и изрази на дбабоко жалење до претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган, до премиерот Ахмет Давутоглу, до семејствата на загинатите и до граѓаните на Турција, по терористичките напади во Анкара.

сдсм

– Овој ужасен терористички чин, извршен непосредно пред планираниот Мировен марш во Анкара најмногу ги погоди граѓаните на Турција, но ова е сериозен напад врз демократијата и загрозување на човековите права како цивилизациски придобивки. Не постои нешто што може да го оправда нападот врз луѓе кои дошле на Мировен марш, се вели во телеграмата.

Воедно, се наведува, дека запрепастувачкиот акт е уште еден аларм за целата меѓународна заедница уште порешително и пообединето да застане на патот на ова зло.

– Се надевам дека Вие, државниот и владиниот врв, заедно со граѓаните на Турција, успешно, одлучно и на демократски начин ќе одговорите на тероризмот што ги потресе вашата земја и светот, стои во писмото од лидерот на СДСМ.